-33%

New Wave душек

3.999 ден7.599 ден

Со специјална прецизна техника на сечење се создадени две јадрени целини кои совршено се соединуваат во едно јадро на New wave душекот. Идентично пресечената брановидна структура на различните јадра се соединува во центарот на душекот со цел да создаде зонална централна апсорпција на пренесените притисоци од тежината на телото кога имаме две целини кои нудат различна потпора на телото.

Со тоа што се користени две различни Binalflex® пени кои даваат соодветно, потврда или помека подлога, се овозможува сами да ја изберете посакуваната потпора на телото со едноставно вртење на душекот и избор на една од страните. Црвеното јадро е меката страна на душекот а белата пена е тврдата страна на душекот. Користете ја црвената страна како директна подлога на вашето тело доколку сакате повисоко ниво на комфорт и мекост. Доколку преферирате потврда подлога за мирен сон користете ја белата подлога завртена нагоре.

Висината на јадрото е 17cm а висината на душекот со вклучена навлака е 18cm.

Јадрото на душекот е обвиткано со Lahey® навлака од ткаен полиестер која е штепована брановидно и е исполнета со полиестерски влакна. Меката и удобна навлака создава одлична подлога за спиење со која освен удобност и заштита на вашиот душек добивате и одлична терморегулација. Навлаката овозможува душекот да дише во секое време.

Навлаката на New wave душекот има патент на две соседни страни со што лесно се вади и може да се пери во машина на 60оC.

Сите материјали од кои е изработен New wave душекот се со Oeko-Tex® сертификат со кој се гарантира дека производот не содржи штетни хемикалии и во директен контакт со човекова кожа не предизвикува алергии.

Clear

 

Дополнителни информации

Димензии cm
Состав:

Внатрешност: Две врсти на сунгер со различна цврстина
Навлака: Ткаен Полиестер
Навлаката се пери во машина на 40оC

Рецензии

Сеуште нема рецензии

Бидете први кој ке направи рецезија за “New Wave душек”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *