Веб страницата користи колачиња за да Ви овозможиме најдобро корисничко искуство. За повеќе информации прочитајте ги правилата и условите на користење на Сомниа Шоп. Дознај повеќе.
Rainbow/Stripe детски сет
Овој производ има лимитирана количина
Внесете кул атмосфера и oсвежете ја детската соба на вашите најмили со новите дезени на Rainbow детскиот сет. Различните принтови со кул и забавни дезени се одличен декоративен елемент за сечија детска соба, идеални и омилени кај децата. Детскиот сет вклучува единечен јорган и една перница. Истите се изработени од мек микрофибер, а исполнети се со полиестерски влакна кои овозможуваат користење на јорганот многу подолго, без промена на обликот и структурата на истиот. Јорганот е исполнет со 300 грама полнеж на метар квадратен со што се добива идеална терморегулација за есенски и зимски период. Традиционалната форма на перница e дизајнирана да нуди максимално ниво на поддршка на вратот и главата, како и правилна поставеност на ‘рбетот за време на спиењето. Јорганот и перницата може да се перат во машина на 40°C. Материјалите од кои е направен Rainbow детскиот сет се со Oeko-Tex® сертификат со кој се гарантира безбедна употреба на производот при допир со кожата.
Состав: Навлака - 100% Микрофибер Внатрешност - 100% Полиестер
Димензии: 140cm x 200cm
ЖИВОПИСЕН ИЗГЛЕД ВО ДЕТСКАТА СОБА


SOMNIA RAINBOW/STRIPE ДЕТСКИ СЕТ
Топол, зимски јорган, кој ќе даде живописен изглед на детската соба. На перница не мора посебно да размислувате, затоа што ја добивате и нејзе, во усогласен дизајн.
Сет кој се грижи за вашето дете:


Вашето дете ќе се стопи во овој полн, удобен јорган, а воедно ќе добие идеална терморегулација. Оваа особина ќе спречи будење во текот на ноќта и ќе овозможи пријатен сон.
Сега децата може да заборават на ладните ноќи. Пријатноста и волуменот на зимскиот јорган ќе ги придобие уште првата ноќ.


Детската соба ќе добие уникатен изглед благодарение на живописниот дизајн на јорганите. Вашите најсакани ќе го обожаваат и ќе бидат воодушевени да го пробаат и користат. Просторот ќе дава чувство на среќа благодарение на веселите нијанси.
Одлична карактеристика на овој комплет е јорганот кој има две лица, додека материјалот од кој е изработен е 110гр микрофибер, кој е по густ и квалитетен од остнатите стандардни микрофибер материјали со густина од 75/85гр.
Технички спецификации и карактеристики:
Перница:
Димензија: 50х70см
Полнеж: 100% полиестер
Јорган:
Димензија: 140х200
Полнеж: 100% полиестер 300gsm