Политика на квалитет “Комфи Ангел” ДОО во целост се определува да ја спроведува Политиката за квалитет, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, водејќи сметка за контекстот на организацијата, како и стратешкиот правец на истата, почитувајќи ги при тоа основните принципи: * Креирање деловен систем за квалитет насочен кон заинтересираните страни со цел зголемување на нивната доверба * Прилагодување и ориентирање на пазарот со цел зголемено учество на истиот * Доставување на квалитетен производ/услуга до ценетиот клиент, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на организацијата * Создавање на коректни односи со добавувачите на производи и надворешни услуги во однос на исполнувања на барањата на “Комфи Ангел” заради квалитетно добавување на производи и услуги како и заштита и унапредување на работната и животната средина * Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа и клиенти, смалување на добивка, загадување на животна средина и се она што неповолно влијае на целата заедница * Овластување на сите вработени да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности и компетентност * Исполнување на потребите на вработените * Исполнување на законската легислатива водејќи грижа за здравјето и безбедноста на вработените и заштита на животната средина “Комфи Ангел” ДОО и во иднина се обврзува: * Континуирано да го одржува и подобрува системот за управување со квалитет, со што ги исполнува барањата од стандардот ISO 9001:2015, воедно и ги задоволува барањата на заинтересираните страни во целина * Перманентно да го спроведува стручното оспособување за квалитетот на вработените од сите нивоа * Да води грижа за подобрување на условите за работа, опремата, знаењето и безбедноста на вработените од сите нивоа како и заштита на животната средина * “ГРАДИМЕ КОМПАНИЈА ШТО ЌЕ ОСТАНЕ И ПОСЛЕ НАС” Сертификатот можете да го превземите тука