Веб страницата користи колачиња за да Ви овозможиме најдобро корисничко искуство. За повеќе информации прочитајте ги правилата и условите на користење на Сомниа Шоп. Дознај повеќе.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
“Комфи Ангел ” ДОО во целост се определува да ја спроведува Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа, почитувајќи ги при тоа основните принципи:
* Креирање деловен систем за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа, насочен кон заинтересираните страни, со цел зголемување на нивната доверба
* Прилагодување и ориентирање на пазарот со цел зголемено учество на истиот
* Доставување на квалитетен производ до ценетиот купувач, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на компанијата
* Создавање коректни односи со добавувачите во однос на исполнување на барањата на “Комфи Ангел”, заради квалитетно добавување на репроматеријали, заштита и унапредување на животната и работната средина.
* Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа и купувачи, смалување на добивка, загадување на животна средина и се она што неповолно влијае на целата заедница
* Овластување на сите вработени да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности и компетентност
* Исполнување на потребите на вработените
* Исполнување на законската регулатива и легислатива водејќи грижа за заштитата на животната и работната средина
* Спречување на повреди и опасности по здравјето и безбедноста при работа, како на вработените така и на сите присутни во работното опкружување
* Обезбедување нулта ниво на смртни случаеви или повреди на работа кои имаат за последица траен инвалидитет
* Обезбедување нулта ниво на изгубено време поради повреда на работа
* Обезбедување здрава и безбедна работна средина
” Комфи Ангел “ДОО и во иднина се обврзува :
* Континуирано да го одржува и подобрува Системот за управување со квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа, со што ги исполнува барањата од стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001: 2015 i ISO 45001:2018, ја спроведува законската регулатива и ги задоволува барањата на купувачите и другите заинтересирани страни
* Перманентно да го спроведува стручното оспособување за квалитетот и превенцијата од загадување на животната и заштитата на работната средина на вработените од сите нивоа
* Да води грижа за подобрување на условите за работа, опремата, свеста и знаењето на вработените, како и за унапредувањето на животната средина, здравјето и безбедноста при работа.
“ГРАДИМЕ КОМПАНИЈА ШТО ЌЕ ОСТАНЕ И ПОСЛЕ НАС”
Сертификатот можете да го превземите тука