ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА

Услови и правила за купување

Цената на производите објавени на интернет страната се изразени во Македонски денари и се со вклучен ДДВ и нема никакви скриени трошоци.
Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени.
Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.
Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ке бидат посебно означени како посебни понуди. Количините на производите се ограничени. Комфи Ангел ДОО Прилеп го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени и/или да ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени по претходна добиена согласност од страна на Потрошувачот.
Потрошувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на интернет страната.
Потрошувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, Комфи Ангел ДОО Прилеп има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на Потрошувачот.

Испорака и достава

Испораката и доставата на производите е 100 денари + 1% од вредноста на производите за нарачки до 3000 денари и е ограничена само на територијата на Р.Македонија.
Испораката и доставата на производите е бесплатна за нарачки над 3000 денари и е ограничена на територијата на Р.Македонија. Испораката ја вршиме од нашите магацини во Прилеп додека доставата ја врши курирска служба. По конфирмирањето на нарачката, преку е-пошта ве известуваме за статусот на Вашата нарачка.
Добивате 2 известувања на е-пошта : Потврда дека Вашата нарачка е примена, 2. Потврда дека производот е испорачан на Вашата адреса.
Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 4 работни дена од моментот на примање на првата потврда (дека Вашата порачка е примена од страна на https://somniashop.mk).
За бесплатните испораки ќе бидете дополнително известени за начинот на достава и времетраењето на истата на Вашата е-пошта.

Обрвзувачки потпис на купувачот

Кога карго службата ќе ви го достави производот/е задолжително е да Ви побара Ваш потпис. Доколку карго службата на првиот обид не Ве добие на впишаната адреса, правилото за испорака до максимум 4 дена прекинува во сила и производ би се доставил тогаш кога службата ќе успее да стапи во контакт со Вас. Доколку во случај во период од 6 дена не воспостават контакт со вас, производот го враќаат назад во Сомниа Шоп МК. Сомниа Шоп МК го задржува правото сретствата од купениот производ да не ги враќа, но да обезбеди повторно испорака на производот со повторна доплата за испорака од 100ден на Ваша адреса (Вклучувајќи и производите кои се купени за до 3000 и над 3000 денари).
За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на нашата е-пошта: contact@somniashop.com или контакт телефон: 389 (0)71 226001,

Државни празници

Ве молиме имајте во преднид дека доколку нарачката е направена во период на државен празник и неработни денови утврдени со закон Р.Македонија somniashop.com го задржува правото на пролонгирање на денот за достава.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 071 226 001 кој е достапен секој работен ден во периодот од 08 часот до 16 часот.

Услови и правила за враќање

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.
Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Целиот процес на враќање или заменување не се заврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.

Потрошувачот има период од 7 денови во кој може да го раскине договорот без образложение на причината и единствениот трошок кој се плаќа од купувачот е директниот трошок за враќање на производот. Во ваков случај на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.

Процедурата која треба да се вратат производите е следна:

• Потрошувачот треба своерачно да креира сметка на нашата продажна веб страна.
• Потврдување на веродостојноста на вметнатите информации.
• Најава на Потрошувачката сметка.
• Потполнување на сите полиња во пределот на Пријави заклучно со приложување на фотографија.

НАПОМЕНА: Сите полиња се обврзувачки да се пополнат.

1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а пред да се изврши достава на нарачаните производи, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.
2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.
3. Доколку Потрошувачот направи нарачка телефонски преку нашиот контакт центар или на некоја социјална мрежа исто така автоматски ги прифаќа правилата на користење/враќање кои се наведени на нашиот веб сајт (процедура за враќање).
Комфи Ангел ДОО Прилеп го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.

ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.