







Box перница
649,00 ден
Оваа анатомска перница е дизајнирана за максимална удобност и поддршка на вратот и главата. Составена е од две комори – надворешната е помека за пријатно чувство при спиење, додека внатрешната е погусто полнета за стабилност и правилна положба на ’рбетот.
Перницата е полнета со висококвалитетни силиконизирани полиестерски влакна кои овозможуваат лесно враќање на формата и одлична циркулација на воздух. Благодарение на анатомскиот облик, перницата обезбедува оптимална поддршка без создавање притисок врз вратот.
Навлаката е изработена од мек и пријатен памучен материјал, со елегантен раб во контрастна боја за дополнителна естетика.
Перницата е лесна за одржување и целосно перење во машина, што ја прави идеален избор за секојдневна употреба.
Каракеристики
Димензии – 40x60x12cm
Изработка – Материјали со Oeko-Tex® сертификат – гаранција дека производот не содржи штетни хемикалии и не предизвикува иритации и алергии.
Одржување – перење во машина на 40º C
Состав
Материјал – 100% памук
Полнеж – помалата комора е исполнета со 300гр топчест полиестер, а поголемата комора е исполнета со 500гр топчест полиестер.









