BactoSoft Перница
Bactosoft перница - совршен баланс на удобност и хигиена
Дозволете си мирен и квалитетен сон со Bactosoft перницата, дизајнирана да обезбеди нежна поддршка и чувство на луксуз секоја ноќ. Се прилагодува на формата на главата и вратот, овозможувајќи правилна положба при спиење. Навлаката од фин памук сатен нуди свиленкасто мек допир и одлична пропустливост на воздух, создавајќи свежо и пријатно чувство во текот на целата ноќ. Внатрешноста е исполнета со висококвалитетен антибактериски полнеж кој активно спречува развој на бактерии и алергени, гарантирајќи чиста и здрава средина за спиење. Bactosoft перницата е идеален избор за сите кои бараат комбинација од комфорт, хигиена и долготрајна издржливост – секоја ноќ, без компромис, погодна за секојдневна употреба и чувствителна кожа.Карактеристики
Димензија: 50x70 cm Навлака - памук сатен (мек и дишлив материјал) Полнеж - антибактериски полиестер 750гр Изработка – Материјали со Oeko-Tex® сертификат – гаранција дека производот не содржи штетни хемикалии Одржување – перење во машина на 40º C; дополнително следете ги внимателно инструкциите на етикетата на производотBox перница
Оваа анатомска перница е дизајнирана за максимална удобност и поддршка на вратот и главата. Составена е од две комори – надворешната е помека за пријатно чувство при спиење, додека внатрешната е погусто полнета за стабилност и правилна положба на ’рбетот. Перницата е полнета со висококвалитетни силиконизирани полиестерски влакна кои овозможуваат лесно враќање на формата и одлична циркулација на воздух. Благодарение на анатомскиот облик, перницата обезбедува оптимална поддршка без создавање притисок врз вратот. Навлаката е изработена од мек и пријатен памучен материјал, со елегантен раб во контрастна боја за дополнителна естетика. Перницата е лесна за одржување и целосно перење во машина, што ја прави идеален избор за секојдневна употреба. Каракеристики Димензии – 40x60x12cm Изработка – Материјали со Oeko-Tex® сертификат – гаранција дека производот не содржи штетни хемикалии и не предизвикува иритации и алергии. Одржување – перење во машина на 40º C Состав Материјал – 100% памук Полнеж – помалата комора е исполнета со 300гр топчест полиестер, а поголемата комора е исполнета со 500гр топчест полиестер.
Aloe Vera Premium Перница
Aloe Vera Premium перницата збогатена е со природен алое вера третман, кој го прави материјалот мазен и мек на допир. Овој третман придонесува за свежа и сјајна кожа исто така, ја поттикнува регенерацијата на клетките на кожата, секој пат кога ќе легнете на перницата. Опис на производот
- Висина – Висока 20см; тврда
- Димензии - 50cm x 70cm
- Изработка - Материјали со Oeko-Tex® сертификат со кој се гарантира безбедна употреба на производот.; штепованата обвивка гарантира одржување на совршена температура во текот на спиењето, а и чувство на нежност и мекост
- Тежина – 860 грама
- Боја - бела
- Одржување - перење во машина на 40º C; дополнително следете ги внимателно инструкциите на етикетата на производот (погледнете легенда на инструкции во слајдерот слики на продуктот)
- Навлака - Полиестер
- Внатрешност- Силиконизиран топчест фибер.
Перница на вода
Перницата на вода е комбинација на бенефити од анатомска и класична перница. Ви помага да ја намалите болката во вратот, ја зголемува удобноста и го подобрува спиењето. Водата одговара на вашето движење и перницата автоматски се прилагодува на новата положба на главата и вратот, со што Ви обезбедува идеална поддршка при спиењето во сите позиции. Перницата на вода нуди персонализирана удобност со својата прилагодлива комора за вода. Едноставно додадете или отстранете вода за да го постигнете посакуваното ниво на поддршка, без разлика дали сакате меко, средно или цврсто чувство. Иновативниот дизајн на водната комора не само што обезбедува исклучителна поддршка, туку нуди и терапевтски придобивки. Почувствувајте ги смирувачките бранови кои нежно се контурираат на вашата глава и врат, ослободувајќи ја напнатоста и промовирајќи релаксација. Опис на производот
- Висина - прилагодлива со додавење и празнење на вода
- Димензии - 50cm x 70cm
- Изработка - Материјали со Oeko-Tex® сертификат - гаранција дека производот е безбеден за употреба
- Боја - бела
- Навлака - 100% Памук
- Внатрешност - Полиестер 100%
Carbon Plus Перница
Карбонската перница е решение доколку сте во потрага по уникатно и иновативно решение за најпријатните ноќи кое е комбинација на удобност и практичност со врвна технологија. Она што навистина ја издвојува перницата е нејзината текстура со карбонски конци, која не само што е естетски пријатна, туку и спречува таложење на статички електирицтет на површината на перницата. Ова може да биде особено корисно за луѓето кои живеат во суви или статични средини, бидејќи може да помогне да се намали непријатноста и иритацијата при спиење. Опис на производот
- Висина - Висока 20см; мека
- Димензии - 50cm x 70см
- Изработка - Материјали со Oeko-Tex® сертификат - гаранција дека нема да предизвикаат никакви алергии
- Тежина - 950 грама
- Боја - бела со украсна сива лента (пајпинг)
- Одржување - перење во машина на 40º C; дополнително следете ги внимателно инструкциите на етикетата на производот (погледнете легенда на инструкции во слајдерот слики на продуктот)
- Навлака - 99% микрофибер / 1% карбон
- Внатрешност- Полиестер 100%









